
Педесет и едногодишниот З.Д. и неговиот брат С.Д (57) од Свети Николе добија кривична пријава бидејќи ја злоупотребиле службената положба. З.Д. како одговорно лице во Џумајлија во 2010 – та година продал две товарни возила на здружението на ловци „Црн Вук“ од Лозово, чиј сопственик е неговиот брат за само 6 илјади денари, сума која е под реалната од пазарната вредност на двете возила.
Второпријавениот во текот на 2013 година како овластено лице на здружението на ловци „Црн Вук“ иако знаел дека со води судска постапка за возилата прикривајќи го фактот дека довел во заблуда лице од с.Липково, кумановско продавајќи му ги двете товарни возила за вкупен износ од 5.400 евра, а притоа искористувајќи ја својата службена положба со купувачите се договорил на сметката на здружението да бидат уплатени само 1.400 евра, додека 4.000 евра ги земал за себе.