Браќата Панини од бизнис фијаско направиле империја тешка милијарди

Светските првенства во фудбал се спектакл како ретко кој друг спортски настан, но освен пасијата за играта која ги врзува пред телевизорите и татковците и децата постои уште една работа која не познава разлика во годините меѓу фудбалските вљубеници. Милиони деца низ целиот свет, но, исто така и многу возрасни, во пресрет на секој Мундијал собираат самолепливи сликички од фудбалерите.
И тука е доволен еден збор-„Панини“.

„Панини“ нема светски монопол врз албумите со сликички од фудбалските првенства, но потроувачите ја ценат традицијата и квалитетот.
А традицијата започна пред повеќе од 50 години. Ако зборуваме за фудбалот, тогаш во 1948 година во Италија, поточно Модена, град со помалку од 200.000 жители во северниот дел на земјата, познат по својата автомобилска индустрија и фабриките на „Ферари“, „Ламборџини“, „Масерати“ …

Малку надвор од градот се наоѓа куќата на семејството Панини, во која почна приказната за сликичките што го освоија светот. Семејството веќе имало свој киоск залепен до катедралата, како и агенција за дистрибуција на весници кога во 1960 година браќата Бенито и Џузепе наишле на колекција сликички кои компанија од Милано не можела да ги продаде. Тие ги откупилеи почнале да ги продаваат во пакетчиња од две сликички по цена од десет лири.

Потегот се покажаl одличен, браќата Панини продале три милиони пакетчиња, што беше доволен знак производството и продажбата на сликички да го прифатат како основен бизнис. Следната година тие продадоа 15, а една година подоцна 29 милиони пакетчиња. Истата година им се придружија и браќата Франко и Умберто, а вистинската експлозија се случи кога на сликичките почнале да ги ставаат фудбалерите. Прво италијанските, а потоа и светските.

Конечно во 1970 година го издадоа нивниот прв албум по повод Светското првенство, на тоа во Мексико. Тоа беше првата самолеплива колекција и прва која се продавала надвор од Италија. Светот го запозна „Панини“ и веќе ништо не беше исто.
И година за година, побарувачката расте. До денес се продадени повеќе од една милијарда сликички. Од последното Светско првенство во Бразил заработката достигнала околу 400 милиони долари, а оваа година се очекува заработка од милијарда долари!

Компанијата сега има повеќе од 1.000 вработени, а сликичките за Светското првенство се издаваат во соработка со националните фудбалски сојузи, кои ги испраќаат сите фотографии на избраните играчи за одобрување, а тие понекогаш замолуваат за некои играчи да се искористи друга слика, бидејќи играчот не бил задоволен од тоа каков испаднал на произбраната, било поради израз на лицето или лошата фризура.

Но треба да се земе во предвид дека албумите тргнуваат во продажба долго пред селекторите да ја објават конечната листа на играчи, па авторите мора да погодуваат кои фудбалери ќе бидат вклучени во албумот. Се разбира, некогаш погодуваат, некогаш грешат, но „Панини“ сакаат да го истакнат случајот од 2014 година, кога во албумот го немаше Марио Гомез.

Ни се јавија сите можни германските медиуми и не критикуваа бидејќи го изоставивме еден од нивните најдобри играчи, но кога тренерот Лев најави дека Гомез нема да патува во Бразил, целосно се сврте приказната и не нарекоа визионери кои имаат информации пред сите други, се смее уредникот на албумот, Стефано Мелегари.

Бројот на колекционери расте од година во година, бидејќи фудбалот станува сè попопуларен, човечката популација станува сè поголема, се повеќе и повеќе деца почнуваат да собираат сликички, а се повеќе оваа традиција ја задржуваат и кога ќе пораснат.