„Брако“ инвестира во фотоволтаик што ќе обезбеди 40 отсто од потребите за струја на фабриката

Фотоволтаикот во „Брако“ ќе обезбеди 40 проценти од електричната енергија што ја троши компанијата и ќе редуцира 2000 тона CO2e на годишно ниво, соопштија од компанијата.
Во тек е инвестицијата во изградба на фотоволтаична електрана за производство на струја. Во моментов се инсталирани 0,4 MW, а во следните неколку месеци ќе бидат инсталирани уште 0,4 MW.
До крајот на годинава фотонапонската централа во „Брако“ ќе има вкупно инсталирана моќност од 1,5 MW, со што годишно ќе се произведуваат 2250 MWh електрична енергија со што ќе се обезбеди 40 проценти од потрошувачката на „Брако“, а при тоа ќе се редуцираат 2000 тона CO2e на годишно ниво .
Коефициентот на заштедени емисии на СО2 во нашата државае 0,9kg/kWh и е причина повеќе обновливите извори на енергија, во случајов, сонцето, да има клучна улога во полето на декарбонизација во енергетскиот сектор.
Фотоволтаиците имаат значителен придонес во обезбедувањето на електрична енергија за сопствени потреби и за продажба, така што, интересот за инвестирање во нив драстично се зголемува со се поамбициозни планови за инвестирање во нив.
Производството на електрична енергија од обновливи извори е и моќен начин за ублажување на климатските промени.