15.8 C
Skopje
вторник, мај 14, 2024

Бранислав Лекиќ ме с**уваше пред 43 години, призна една од најголемите актерски ѕвезди на Југославија

Денес психолог, а некогаш една од најголемите млади актерски ѕвезди во поранешна Југославија, Мерима Исаковиќ во текст за магазинот „Неделник“го обвини актерот Бранислав Лекиќ дека ја силувал пред 43 години.

По завршените доктори студии по психологија и маситратура по клиничка психологија, сега живее во Австралија и работи како клинички психолог. Фокусирана е на областа на траумите.

Ова се кратки извадоци од нејзиното сведоштво во кое го обвинува Лекиќ за силување.

-Имав 18 години. Есен 1978 година. Ме внесе во стан. Ми го соблече фустанот. Не се обидувај да викаш. Никој нема да те слушне. Ме собори на под. Чувствував како ме крши. Боли секоја коска. Само не вака. Те молам Боже. Ако успее, ќе умрам вечер. Ужива во мојот страв. Го чусвтвувам тој здив. Како мирис на трулеж. Страшен поглед. Празен и црн. Очи без душа…

-Чувствувам потреба денес да ја кажам вистината и го молам нашиот народ ова внимателно да го прочита. Насилник кој за малку успеа да го уништи мојот живот, да ја изгаси мојата младост, како темнина да ме проголта.

-„Ти простувам“, ми реков тогаш пред четриесетина години. „Ти простувам, но не заборавам. Ти никогаш нема да сфатиш каква болка ми нанесе. Многукратка болка. Ако било кога слушнам дека на некого си му нанел слична болка, на сите ќе им кажам што се случило“. Јас го одржав својот збор. Бранислав Лекиќ изледа не. Чувствувам морална обврска да го споделам своето искуство во надеж дека мојата исповед ќе биде подрршка за Данијела Штајнфелд и останатите жртви на сексуално злоставување, стои во сведоштвото на Мерима.

Данијела по оваа објава се огласи на Инстаграм и и се заблагодари на поддршката и одржаниот збор.