Бранковски со личен рекорд го освои 21 место на Олимписките игри во Токио

На Летните олимписки игри во Токио во 06.00 часот наутро по средноевропско време настапи првиот македонски олимпиец, Борјан Бранковски во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Во квалификациите нашиот натпреварувач успеа да го освои 21 место од вкупно 36 натпреварувачи.

Бранковски успеа да погоди вкупно 573 кругови, во третата серија (од вкупно шест) беше најдобар со 98 кругови.

Најдобар резултат во квалификациите имаше Шаудари Саураб од Индија со 586 кругови.

Фото: Принтскрин/olympics.com/tokyo-2020

Најдобрите осум обезбедија пласман во финалето, а резултатите можете да ги погледнете ТУКА

Следниот ден на 25 јули во 04.00 часот по средноевропско време, Арбреша Реџепи ќе го има својот настап во женскиот џудо турнир за натпреварувачки до 52 килограми.