Бранот на Covid-19 не попушта во Европа, нови рекорди во Германија, Чешка и Бразил

EPA/MARTIN DIVISEK

Бранот на коронавирусот во Ервопа не стивнува па во средата Германија првпат потврди повеќе од 100.000 зарзани на дневно ниво, а Чешка над 28.000 новозаразени, најмногу откако првите случаи на Covid-19 беа забележани во земјата, а Бразил забележа нов неславен рекорд.

Податоците на референтниот германски Институт „Роберт Кох“ (RKI), за контрола и превенција на болестите објавени во средата покажуваат дека во изминатите 24 часа се потврдени 112.323 нови случаи на коронавирусот, пренесува агенцијата DPA.

Минатиот петок германските здравствени власти првпат потврдија 90.000 новозаразени во однос на 80.430 претходниот викенд.

Чешката Република пријави 28.469 нови случаи на коронаинфекции во средата, што е најголемата бројка откако пандемијата стаса во земјата со 10,7 милиони жители во март 2020 година. Бројот на заразените е поголем од двојно во однос на 12.371 случај потврден минатата среда, пренесува Reuters.

Дневниот број заразени во Франција надминува просечно 300.000 новозаразени во последните седум дена, според податоците на тамошните здравствени власти кои ги пренесе агенцијата AFP.

Бугарија пријави 11.181 случај на зараза со коронавирусот на дневно ниво во средата, и притоа, спроед софиските медиуми, доминира омикрон сојот. Бугарија има вакцинирани помалку од 30 отсто од 7 милионми жители, а од почетокот на епидемијата во земјата забележа повеќе од 840.000 заразе и и 32.332 починати од Covid-19.

 

Бразил со рекорд, блокади меѓу Аргентина и Чиле

Надвор од Европа, Бразил потврди нови 137.103 заразени во последните 24 часа и 351 починати пациенти со Covid-19, што е најголем дневен показател од средината на ноември. Новиот бран е предизвикан со високозаразниот омикрон сојот, соопшти тамошното министерство за здравство.

Оваа јужноамериканска земја сега има 23.211.894 потврдени заразени од почетокот на пандемијата, а според официјалните податоци 621.517 почината и според смртноста Бразил е веднаш зад САД, според процените на Reuters.

Како континтент, Јужна Америка бележи и неславен рекорд на патните блокади поради пандемијата, попрецизно поради тестовите на Covid-19. Така, повеќе од 1.300 камиони од Аргентина беа блокирани во вторникот на главниот граничен премин со чиле на високите Анди, поради тестирањата на коронавирусот коишто системски се спроведуваат на возачите.

Блокадата на пееминот Пасо Кристо Редентор, на повеќе од 3.100 метри надморска височина, почна пред два дена кога чилеанските властио ја засилија епидемиолошката контрола со антигенски тестови кои станаа системски, објави Аргентинската федерација за патен товарен сообраќај (FADEEAC).

 

Гејтс и Британците даваат 300 милиони долари против пандемијата

Фондацијата „Bill & Melinda Gates“ и британската добротворна фондација „Wellcome“ објавија во вторникот, а вложуваат секоја по 150 милиони долари во борбата против Covid-19 и спречување на идните пандемии. Парите ќе бидат уплатени за иновации во подготовнјата за епидемии која учествува во механизмот за дристрибуција на вакцините за сиромашните земји COVAX.

Колку е тоа важно посочи и Светската организација за здравство (СЗО – WHO) во вторникот која соопшти дека пандемијата на коронавирусот е „далеку од завршена“ и прредупреди дека варијантата омикрон не смее површно да се сфаќа.

„Самиот факт дека пандемијата на Covid-19 еднаш ќе премине во ендемски стадиум, не значи дека вирусот веќе нема да биде опасен“, предупредија во вторникот вечерта од СЗО.

Пандемијата на Covid-19 досега однела најмалку 5.543.637 животи во светот од крајот на декември 2019 година, според податоците кои ги собрала агенцијата AFP од официјални извори до вторникот попладнето.

Во апсолутни бројки први се САД со 853.720 починати, а следат Бразил со 621.517, Индија со 486.761 и Русија со 322.678 починати.

СЗО проценува, земајќи ја предвид зголемената смртност директно и индиректно поврзана со Covid-19, дека вкупниот број починат би можел да биде два до трипати поголем од официјално потврдениот.