
Случај на семејно насилство доцна синоќа е пријавен во тетовската полиција.
-Педесет и седумгодишна тетовкa ноќеска (1 ноември) во 1 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавила дека во нивниот заеднички дом во Тетово физички била нападната од нејзиниот 56- годишен брат Е.Р. информираат од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.