Братот на Фетулах Ѓулен приведен од страна на турската полиција

Турската полиција денеска го приведе братот на имамот Фетулах Ѓулен, кој е осомничен за организирање на неуспешниот пуч со цел смена на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

 

Кутбетин Ѓулен бил уапсен во домот на својот роднина во Газимир, во западната провинција Измир.

 

Тоа е прво апсење на роднина на Ѓулен по неуспешниот обид за пуч.