Братот на јорданскиот крал „со странски актери“ се обидел да ја дестабилизира земјата

Принцот Хамза и неговата мајка кралицата Нур

Потпретседателот на јорданската влада Ајман Сафади објави дека полубратот на кралот Абдула Втори и поранешниот престолонаследен принц Хамза бин Хусеин се здружил со „странски актери“ со цел да ја „дестабилизираат земјата“, како и дека веќе подолг период бил под надзор на безбедносните служби.

Јорданската војска ноќта кон неделата според средноевропско време објави дека издала предупредување за принцот Хамза поради дејствување против „безбедноста и стабилноста“ на Јордан, земјата којашто е клучен сојузник на САД во блоскоисточниот регион.

Самиот принц Хамз во видео-порака која беше објавена на BBC рече дека е во домашен притвор, а уште неколку високопизиционирани личности, исто така, се уапсени.

„Со истрагите се надгледувани вмешувања и коминикации со странски актери во востинскиот момент за дестабилизацијата на Јордан“, изјави Сафади.

Разузнавачка агенција на друга земја ја контактирала жената на принцот Хамза во врска со организација на летот на принцот и сопругата, тврди Сафади.

„Првичните истраги покажале дека овие активности и движења ја достигнале фазата којашто директно влијаеле на безбедноста и стабилноста на земјата, но Неговото величество одлучи дека е најдобро да разговара директно со принцот Хамза, тоа да се разреши во рамките на семејството“, додаде.

Претходно мајката на принцот Хамза, кралицата Нур вдовицата на петходниот јордански крал Хусеин бин Талал, го бранеше својот син.

„Се молам вистината и правдата да надвладеат за сите невини жртви на ваквите зли клевети. Господ да ги благослови и чува“м напиша кралицата на Нур на Twitter.

Кралот Абдула Втори во 2004 година го отфрли својот полубрат Хамза како наследник на јорданскиот престол, во потег со којашто ја зацврсти својата моќ.

Сафади рече дека безбедносните служби побарале сите вклучени во заговорот бидат изведен пред специјален државен суд.

Соседите и сојузниците на Јордан ја изразија солидарност со кралот Абдула Втори. Мароканскиот крал Мухамед Шести телефонски разговарал со Абдула Втори, и му ја изразил својата поддршка и солидарност.

Јордан важи како една од најстабилните земји на Блискиот исток. Но изминатиот период дел од опозицијата се обедини околу принцот Хамза, што предизвика загриженост кај јорданскиот крал.