Братучед на пејачот Фарел Вилијамс, еден од убиените во Вирџинија Бич

Донован Линч (25), братучед на познатиот афроамерикански пејач Фарел Вилијамс, е еден од убиените две лица во одделни престрелки во Вирџинија Бич, Вирџинија, САД, во петокот.

Поп-пејачот синоќа ја потврди веста и повика на транспарентност, чесност и правда.

„Загубата на овие животи е трагедија што не може да се мери. Мојот братучед Доновон беше убиен за време на пукањето. Сега е важно моето семејство и семејствата на другите жртви да ја добијат заслужената транспарентност, чесност и правда. Вирџинија Бич е олицетворение на надеж и издржливост и, како заедница ќе го минеме и ова и ќе излеземе уште посилни“, напиша Фарел Вилијамс споделувајќи фотографија од Линч, во траорот.

На полицаецот кој пукал во Линч, како што соопштија и властите, во тој миг не му била вклучена камерата на телото. Службеното лице одговарало на повиците околу пукањата во областа.

Обвинителството одговорно за градот Вирџинија Бич вети независна и брза истрага за случајот.