Само неколку часа по вербалниот напад врз новинарот Јанко Илковски, новинарот Антонио Димитриевски бил физички нападнат од Никола Наумовски, братучедот на Радмила Шекеринска. Физичкиот напад се случил точно пред просториите на Радио Слободна Македонија. Овие напади се случуваат една недела откако беше нападнат и новинарот Бобан Нонковиќ.
Според информациите, додека Димитриевски ја подготвувал својата емисија која оди на радиото, прво бил вербално испровоциран, а потоа и физички нападнат од Никола Наумовски, братучед на Радмила Шекеринска и активист на соросовата организација „Плоштад Слобода“.
Димитриевски го потврди инцидентот и додава дека прво бил испровоциран, а потоа удрен во главата.
– Ме удри во глава и нормално, рефлексна реакција и јас му вратив и дојде до кошкање, влечење и тегнење. Претрчаа од обезбедување од преку улица и тука заврши приказната, вели Димитриевски.
Насилното однесување на поддржувачите на опозицијата расте од ден на ден. Речиси истовремено со нападот на Димитриевски, пред својот дом вербално е нападнат и новинарот Јанко Илковски.
Според информациите кои ги потврди Илковски, напаѓачот му се заканувал со зборовите „Ќе видиш што ќе ти се случи за еден месец. Ќе те снема. Толку ти животот и толку тие кариерата“.
Ваквите инциденти доааѓат откако пред само една недела дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ, беше нападнат од опозицискиот новинар Петрит Сарачини. Опозициското лудило продолжи и денеска со вербалните напади кон Илковски и со физичкиот напад врз Димитриевски од страна на братучедот на Радмила Шекеринска.
Истиот Наумовски, пред повеќе од месец дена вербално му се закануваше на новинарот на Сител, Љупчо Златев. „Свињо една, си дошол од Кавадрци тука да ми се правиш главен“, вака Наумовски му се обрати на новинарот на Сител, Љупчо Златев кој професионално следеше настан на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.
Серијата навреди за репортерот, неговите колеги и уредници и медиумот за кој работи траеа за време на целата изјава на градоначалникот, а продолжија и на социјалните мрежи каде само прогласениопт борец за човекови права самиот објави фотографија од настанот заедно со репортерот кој бил предмет на најбрутално тормозење.