Браун тренер на годината во НБА

Предводникот на едно од најпријатните изненадувања во основниот дел од сезоната, Сакраменто, Мајк Браун го доби признанието за најдобар тренер во НБА.

Тимот од Калифорнија по негово водство успеа по пауза од скоро две децении да се пласира во разигрувањето за титулата откако првиот дел од натпреварувањето го заврши на третото место.

Сакраменто според статистиката беше најдобар тим по просек на постигнати поени, а имаа и најдобар вкупен процент на реализирани удари кон противничкиот кош.

За Браун гласаа сите колеги од НБА и тој го наследи Монти Вилијамс од Феникс, кој две години во низа го освојуваше престижното признание.

Тимот на Сакраменто во првата рунда од битката за шампионскиот трофеј ќе се соочат со актуелниот шампион во лигата, Голден Стејт.