Бразил ја блокираше социјалната мрежа Х

Блокирањето на социјалната мрежа X на Илон Маск во Бразил стапи на сила рано утринава, откако судијата на Врховниот суд нареди нејзино суспендирање, објави АФП.

Пристапот до платформата, порано позната како Твитер, веќе не е можен за некои корисници во јужноамериканската земја, на кои им е испратена порака со која се бара повторно да го вчитаат прелистувачот без да можат успешно да се логираат.