Бразилската влада нареди во средата распоредување на војската околу зградите на министерствата во главниот град Бразилија по судирите во текот на протестите против претседателот Мишел Темер кого демонстрантите го обвинуваат за корупција и ја бараат неговата оставка, откако минатата година дојде на власт од позицијата потпретседател по принудното повлекување на неговата претходничка Дилма Русеф.
Илјадници Бразилци се собраа во саботата во Бразилија на повик на синдикатите и левичарските парти, барајќи од оставка од претседателот Мишел Темер, а бараат и укинување на жестоките мерки за штедење.
„Сега се распоредени федералните војници, во палатата Итамарати (седиштето на министерството за надворешни работи – з.р.), а други војници доаѓаат да ги заштитат зградите на другите министерства“, објави министерот за одбрана Раул Жунгман во соопштението за јавноста.
Бразилските безбедносни служби соопштија дека во текот на утрото по локално време забележале доаѓање на двесте автобуси и околу 5.000 луѓе. Првите процени говорот дека на протестите учествувале околу 10.000 луѓе, но таа бројка „би можела да биде и поголема“, соопштија безбедносните служби.
Повиците за оставка од претседателот Темер зачестија од минатата седмица кога е откриена снимка на којашто тој дава одобрување за плаќање мито. Отфрлајќи ги овие тврдења, претседателот сепак се закани со можен распад на својата коалициска влада, а Врховниот суд нареди спроведување на истрага и поднесени се неколку барања за негово отповикување.
Бразилците се заморени од повеќекратните корупциски скандали, во прв ред скандалот со нафтената државна компанија „Pеtrpobras“, во која се вмешани голем дела од политичката елита од сите провиниенции.
На протестите во средата учесниците бараа укинување на мрките за штедење коишто ги заговара Темер, за најголемата латиноамериканска економија да се извлече од кризата каква досега во Бразил не е забележана. Тие мерки опфаќаат замрзнување на јавната потрошувачка дури на 20 години, намалување на возраста за заминување во пензија и ублaжување на законот за работни односи.