Стрелец на единствениот гол на дуелот Перу–Бразил беше Раул Руидиаз во 75. минута, а за најдобар играч на натпреварот беше прогласен голманот на Перу Педро Галесе. Со победата над „кариоките“ Перу го освои првото место во групата Б со 7 бодови, пред Еквадор со 5, Бразил остана со 4, а Хаити не освои ниту еден бод.
Во четвртфиналето Перу ќе игра против Колумбија, а Еквадор за ривал ќе го има домаќинот САД.
Денеска на Копа Америка се играат натпреварите од 3. коло од Ц групата: Мексико – Венецуела и Уругвај – Јамајка.