Бразил го запре испитувањето на кинеска вакцина поради „штетни појави“

Брзиското здравствено регулаторно тело во понеделникот без натамошни образложенија соопшти дека ги запира клиничките испитувања на кинеската вакцина против коронавирусот „Sinovac“, поради „тешки пропратни појави“ кои биле регистрирани на 29-ти октомври.

Истражувачкиот институт „Бутантан“ од Сао Паоло, кој во Бразил ги спроведува клиничките испитувања на „Sinovac“, соопшти дека е изненаден од оваа одлука на регулаторот и дека во вторник попладне по средноевропско време ќе одржи прес-конференција.

Димаш Коваш, директор на институтот, изјави дека одлуката се заснова на смртен случај, но дека тое е „многу чудно“, поради тоа што смртта не била поврзана со вакцината.

„Во овој момент имаме повеќе од 10.000 волонтери и може да дојде до смртни случаи (…), станува збор за смртен случај кој не е поврзан со вакцината и не е моментот за прекинување на клиничките испитувања“, изјави Коваш.

Регулаторната агенција Anvisa не наведува дали смртта настапила во Бразил или во некоја друга земја каде што се спроведува тестирањето на оваа кинеска вакцина, ниту зашто толку доцна ја објавува својата одлука.

„Sinovac“ е една од трите експериментални вакцини против Covid-19 со кој Кина вакцинираше стотици илјади луѓе во рамките на програмата за вонредна употреба. Кинеските здравствени властио на 20-ти октомври објавија дека оваа вакцина нема сериозни пропратни појави.