Бразил гради уште повисока скулптура на Христос

Нова голема статуа на Исус Христос се гради на југот на Бразил и ќе биде поголем од прочуениот Христос Искупителот кој се издигнува над Рио де Жанеиро.

Скулптурата се гради од 2019 година во градот Енкантадо во бразилската сојузна држава Рио Гранде до Сул. Завршувањето е планирано за второто полугодие годинава. Зачетник на идејата е градоначалникот Адроалдо Козати кој минатиот месец почина од последици од Covid-19.

Новата скулптура е наречена Христос Заштитникот со постаментот ќе биде висок 43 метри, а распонот на рацете ќе изнесува 36 метри. Ќе има внатрешен лифт и видиковец близу врвот. За споредба, Христос Искупителот со постаментот е висок 38 метри, а распонот на рацете изнесува 28 метри. Заштитникот на Рио де Жанеиро во октомври ќе наврши 90 години.

Енганрадо, за брзилските поими е гратче со 22.000 жители, се наоѓа 150 километри северозападно од Порто Алегре, главниот град на сојузната држава Рио Гранде до Сул.

Скулптурата се гради поради поттикнување на верата и туризмото во регионот, наведуваат локалните власти. Автори на скулптурата се таткото и сибот, Генезио и Маркуш Моура. Цената на проектот е два милиона реали идносно 350.000 американски долари.

Ова ќе биде третата скулптута на Христос според височината во светот. Христос Бунтуи Бураке во Индонезија и скулптурата Христос Кралот во полски Свиебодзин се повисоки од 50 метри.