Бразил побара итна помош од 50 милиони вакцини на „Фајзер“

15

Бразилскиот министер за здравство Марсело Кеирога побара од „Фајзер“ да испорача во државата 50 милиони дози вакцина за коронавирус што е можно поскоро.

Во соопштение од националното Министерство за здравство се вели дека Кеирога ја повикуива компанијата да обезбеди брза испорака на вакцината, бидејќи јужноамериканската држава останува втора најпогодена од Ковид-19.

Новиот бран на пандемија започна во регионот Амазон, каде што најпрво беше регистрирана бразилската мутација на вирусот П.1.

Во меѓувреме, тоа ги погоди сите области во земјата, а капацитетот на болниците е исцрпен – само во јужната држава Парана, 900 пациенти чекаат да бидат хоспитализирани.

Откако потврди повеќе од 12,5 милиони случаи и над 300.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата, Бразил заостанува зад САД само по бројот на смртни случаи од коронавирусот и по број на инфекции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.