Бразил: Предноста на Лула пред Болсонаро непроменета пред изборите

Предноста на поранешниот левичарски бразилски претседател Луиз Инасио Лила да Силва во однос на актуелниот конзервативен претседател Жаир Болсомнаро речиси е непроменета во јуни, покажа новото истражување на јавното мнение на институтот Datafolha.

Лула во анкетата добил поддршка од 47 отсто од испитаниците, додека поддршката за Болсонаро изнесувала 28 отсто. Поранешниот левичарски гувернер на сојузна држава Сиро Гомеш напредувал за еден процентен поен во однос на претходната анкета, достигнувајќи 8 отсто поддршка.

Во мај предноста на Лула беше 48 отсто, додека Болсонаро беше на 27 отсто.

Другите кандидати немале никакво напредување, што ги потврдува очекувањата дека претседателската трка ќе биде поларизирана.

Агенцијата Datafolha во средата и четвртокот интервјуирала 2.556 Бразилци кои имаат право на глас, односно повеќе од 16 години.