На отворањето на фудбалското првенство на Јужна Америка, репрезентацијата на Бразил во Сао Паоло пред 46.000 гледачи ја совлада селекцијата на Боливија со 3:0.
Играчите на „Селекао“ дури во продолжението усепеаја да го скршат отпорот на Боливија, а головите за победата на домашните ги постигнаа Кутињо во 50 минута од пенал, како и во 53-та, а стрелц беше и Евретон во 85 минута.
„Не брилјиравме, но ја заслуживме победата. Беше важно овој турнир да го отвориме со победа, а ние успеавме во тоа“, изјави капитенот на бразилската репрезентација ДАни Алвеш.
Бразил осум пати бил победник на Копа Америка, но титулата ја чека од 2007 година. Интересно е што Бразил досега бил домаќин на ова првенство на Јужна Америка и секогаш ја освојувал титулата.
Боливија само еднаш била победник на континенталното првенство, далечната 1963 година.
„Одигравме одлично прво полувреме, сосема ја запревме играта на домаќинот. Сепак, мора да бидеме искрени, Бразил во продолжението нѐ надигра“, изјави боливискиот селектро Едуардо Виљегас.
Во вториот меч од истата грипа се среќаваат Венецуела и Перу.