Полицијата во Сао Паоло се судри со вработените во метрото кои веќе втор ден штрајкуваат барајќи зголемени плати, што предизвика хаос во сообраќајот. Речиси половина од метро-станиците се затворени, а улиците се блокирани во најголемиот бразилски град кој ќе биде домаќин на отворањето на Светското фудбласко првенство во четврток, јавува Би-Би-Си.
Вработените во метрото бараат зголемена плата најмалку за 10 отсто.Новата рунда преговори не дадоа резултати и штрајкот ќе биде продолжен.Полицијата употреби солзавец и пендараци против штрајкувачи пред станицата Ана Роса во центарот на Сао Паоло.
Портпаролот на воената полиција изјави дека полицијаците интервенирале по избивањето на судирите меѓу штрајкувачи и патници кои се обидувале да дојдат до станицата.