Според многумина Бразилецот Луис Назарио Да Лима Роналдо важи за најдобриот напаѓач кој некогаш ја играл фудбалската игра, а со неговото заминување во пензија фудбалот изгуби многу.
Сепак, во едно интервју за шпанскиот весник “Марка”, легендарниот напаѓач истакна дека шансите да заигра фудбал повторно се многу големи, а среќниот тим кој во своите редови би ја имал оваа фудбалска легенда е Форт Страјкерс, екипа од втората фудбалска лига на Америка.
“Навистина сум сериозен при донесувањето на одлуката да се вратам на фудбалските терени. Ќе имам специфичен план при одработувањето на тренинзите и доколку докоторите ми дозволат, сигурно ќе одиграм неколку натпревари за Страјкерс. Навистина ми недостига фудбалот, можеби не толку патувањата и тренинзите, но сепак уште еднаш ќе повторам, крајно сум сериозен кога велам дека сакам одново да заиграм на зелениот терен. Навистина сум возбуден што ќе бидам дел од овој ветувачки проект на Форт Страјкерс”, изјавил “Ел феномено” во ексклузивно интервју за реномираниот шпански весник.