
Бразилската сојузна држава Парана е во преговори за производство на руската вакцина за Covid-19 и покрај тоа што нејзините критичари тврдат дека за неа не биле спроведени масовни тестирања, а засега не е јасно дали бразилскиот регуилатор ќе ја издаде дозволата.
Соопштението на паранскиот Технолошки институт „Tecpar“ ги изненади бразилските регулатори и здравствените стручњаци, а некои изразија сомневање во доволноста на капацитетит на овој институт за производство големи количества на новата вакцина.
Владата на Праната во соопштението наведува дека гуверерот Ратињо Жуниор подоцна во средата ќе се сретне со рускиот амбасадот во Бразил за да разговараат за условите за договорот.
Со најголем број заболени од Covid-19 по САД, Бразил стана средиштетот за масовните клинички тестрирања на поренцијалните вакцини. Бразилските функционери ветија дека во рок од една година ќе ги прозиведуваат британските и кинеските вакцини, но стручњаците предупредуваат дека за тоа можеби ќе биде потребно и двојно повеќе време.
Одлуката на Русија во вторникот да ја одобри својата прва вакцина, предизвикува загриженоста кај западните власти и дел од тамошните стручњаци. Според нив досега се покажале успешни само 10 отсто од клиничките испитувања. Но вакцината речиси два месеца беше тестирана на луѓе, и руските стручњаци тврдат дека е безбедна и ефикасна.
Најавата за руска вакцина против коронавирус, предизвика многу скептицизам, особено во западниот свет. Светската здравствена организација во изјавата за руската вакцина истакна дека „истражувањата за вакцини треба да се забрзаат, но со следење на воспоставените процеси, низ секој чекор за развој, за да се осигура дека сите вакцини кои на крајот ќе влезат во производство се безбедни и ефикасни“.
Германското министерство за здравство во вторникот истакна дека лекот може да се регистрира во Европската унија само по сите клинички испитувања. „Безбедноста на пациентите е најголем приоритет. Нема податоци за квалитетот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина – рече портпаролот на министерството за здравство за германската мрежа RND.
Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи, исто така, во вторникот рече дека тој има сериозни сомнежи дека вчера одобрена вакцина против коронавирус во Русија е безбедна и ефикасна.
„Се надевам дека Русите дефинитивно ќе докажат дека вакцината е безбедна и ефикасна. Сериозно се сомневам дека е така“, рече Фаучи во изјавата за телевизијата ANBC News и додаде дека „има разлика кога некој има вакцина и кога таа е безбедна и ефикасна“.
И додека западот искажува и натаму голема скепса, па дури и отворено ја критикуваат Русија, дека поради „нетранспарентноста не може да се верува во безбедноста и ефикасноста на вакцината“, руските стручњаци се убедени во делотворноста на нивната вакцина и ја најавуваат следната фаза кога таа ќе стане достапна за масовна употреба.
Вакцината е развиена од московскиот институт „Гамалеја“, а името Спутник V алудира на изненадувачкото лансирање на првиот светски сателит од Советскиот Сојуз во 1957 година. Таа допрва треба да помине низ клучните испитувања од третата фаза кога би ја примиле илјадници луѓе.
Кирил Дмитриев, челникот на рускиот Фонд за директни инвестиции (РПФИ), кој ги финансира истражувањата за вакцини против коронавирус, одобрени во Русија, најави дека воведувањето на лекот би било многу постепено. Toj, исто така, потврди дека вакцината делумно ќе се приозведува во Бразил.
„Ние нема да ја дадеме вакцината на 10 милиони луѓе веќе утре. Тоа ќе биде многу постепено, внимателно, движење напред… Можеме да кажеме дека делува. Ја примив вакцината. Ја дадов на моите родители, на сопругата…“, додаде Дмитриев за CCN.