Патниците коишто во петокот чекале лет на аеродромот „Сантос Думонт“ во Рио де Жанеиро биле изненадени од порнографските сцени на екраните за огласувања.
Веста за тоа хакирање набрзо се прошири на социјалните мрежи, со експлицитните фотографии од екраните на аеродромот.
„Се чини дека денеска многу луѓе го пропуштија својот лет“, се шегува еден корисник на социјалните мрежи. „Добродојдовте на порно-аеродромот Сантос Думонт“, напиша друг корисник на Twitter.
Државната компанија „Infraero“ којашто управува со аеродромот соопшти дека биле хакирани екраните за рекламни огласи, а не оние со информации за летовите, па поради тоа одговорноста е на друга компанија,.
„Infraero ги презема соодветните мерки и поднесе тужба кај федералната полиција. Споменатите екрани ќе останат згаснати сѐ додека одговорната компанија нема да може да гарантира нивна безбедност“, се наведува во соопштението за јавноста.
И додека дел од корисниците на социјалните мрежи овој инцидент го сметаат смешен, има и такви кои се шокирани.
„Какво непочитување! Замислете ги оние коишто патуваат со мали деца?“, напиша еден од нив.
https://g1.globo.com/rj/rio-de-janeiro/video/totens-do-aeroporto-santos-dumont-sao-hackeados-e-passam-a-exibir-videos-pornos-10614736.ghtml