Бразилскиот претседател Болсонаро со рекордна популарност

Ултрадесниот бразилски претседател Жаир Болсонаро никогаш не бил попопуларен од почетокот на својот мандат во јанури 2019 година и покрај неговото управување со здравствената криза кое е остро критикувано и во земјата и во странство, покажува анкетата објавена во петокот.

Стапката на поддршката на Болсонаро, поранешен воен командант кој доаѓа од крајната десница пораснала од јуни за 5 процентни поени и сега е над 37 отсто, а стапката на непопуларнсота паднала за дури 10 процентни поени и сега изнесува 34 отсто, покажува истражувањето на јавното мнение кое го спровело реномираниот институт Datafolha, спроведена на 11-ти и 12-ти август.

Ова е првпат до април 2019 година, во четвртот месец од мандатот, стапката на поддршката за бразилскиот претседател да е повисока од стапката на негативното мислење за неговото владеење. Неодамнешните анкети покажаа дека Жаир Болсонаро има големи шанси на изборите 2022 година да го освои вториот претседателски мандат.

Меѓутоа, епидмијата на коронаворусот во Брзил згасна во второто тримесечје 8,9 милиони работни места и однесе над 105.000 човечки животи, што е најголем број жртви во светот по САД, Бразил во однос на бројот на населението, речиси 210 милиони, е осмата земја во светот според бројот на починатите во пандемијата на Covid-19.

Институтот Datafolha оценува дека сегашната стапка на популарноста на претседателот Болсонаро делумно може да се припише на исплатата од месечна помош од 100 евра на милиони сиромашни Бразилци за да можат да се справат со економските последици од пандемијата. Така, стапката на поддршка меѓу примателите на оваа помош се качува на 42 отсто. Болсонаро може да смета на поддршката на цврстото јадро од безусловна поддршка од оние кои го нарекуваат Месија, алудирајќи на неговото втори име.

Мандатот на Болсонаро го одбележаа контроверзни изјави, многу заминувања на министри од владата и вклучување во власта на поранешни и активни армиски офицери, а во прв ред неговиот став кон епидемијата на коронавирусот кој го нарече „грипче“.

Во јули и самиот Болсонаро го одлежа Covid-19 од кој заболе во 65-та година, што го искористи за повторно да истакне дека за неговото оздравување е заслужен лекот хирдоксихлокорин, како и неговиот голем сојузник и американскиот претседател Доналд Трамп, иако во светот се инсистира дека за тоа нема наводна научен доказ.