Бразилскиот претседател го откажа патувањето на самитот БРИКС по мозочна хеморагија од пад

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во неделата го откажа своето патување во Русија на самитот на БРИКС, по медицински совет привремено да избегнува летови на долги релации откако се здобил со повредата на главата во незгода во неговиот дом, што предизвикало помало крварење во мозокот.

Седумдесет иосумгодишниот Лула да Силва требаше да отпатува во неделата попладнето на самитот на БРИКС, блокот на големите земји во развој што го основаа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.

Лекарот на Лула, Роберто Калил, во интервју за ТВ-каналот GloboNews рече дека претседателот претрпел пад што предизвикал „голема“ траума на задниот дел од главата, за која било неопходно ставање конци на повредата и резултирајќи со „мало мозочно крварење“ во темпоралниот-фронтален регион.

„Тоа е состојба која ќе бара повторување на тестовите во текот на целата следна седмица. Секое мозочно крварење, теоретски, може да се влоши во следните денови, па затоа е важно набљудувањето“, изјави Калил.

Калил додаде дека Лула се чувствува добро и може да се занимава со нормални активности.

Според медицинскиот извештај издаден претходно во неделата од болницата „Сирио Либанес“ во главниот град Бразилија, Лула во саботата претрпел расекотина на „окципиталниот регион“ во задниот дел од главата. Во извештајот се вели дека Лула „бил советуван да избегнува летови на долги релации, но инаку може да ги извршува своите редовни должности“, како и дека е под постојан лекарски надзор.

Владата во објавата на платформата X извести дека министерот за надворешни работи Мауро Виеира е назначен да ја води бразилската делегација на самитот на БРИКС, кој замина подоцна во неделата. Беше соопштението се најавува дека бразилскиот претседател на работните состаноци на самитот ќе учествува преку видео-врска.

Повикувајќи се на лекарите во болницата, локалните медиуми објавија дека претседателот бил испратен дома во саботата, откако добил пет конци. Тој потоа се вратил во болница на преглед во неделата наутро по локално време, а подоцна бил испратен дома, објавија локалните медиуми.

Во неделата попладнето, Лула требаше да отпатува на својата прва средба лице в лице годинава со претседателот Владимир Путин. Путин во петокот рече дека нема да присуствува на ноемврискиот самит на Г20 во Бразил, велејќи дека неговото доаѓање може да ја „наруши“ конференцијата и инсистирајќи дека причината за неприсуството не е налогот на Меѓународниот кривичен суд за негово апсење.

Минатата година, Путин го прескокна претходниот самит на БРИКС во ЈАР, откако МКС издаде налог за негово апсење, а Бразил и Јужноафриканската Република, кои се копотписници на МКС, се најдоа под притисок на западните земји предводени од САД да помогнат во апсењето на Путин.

Групата БРИКС некои ја гледаат како алтернатива на групата Г7 на „најразвиените“ економии – САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Канада и Јапонија, група која беше проширена и од која Русија беше исклучена пред десет година поради анексијата на црноморскиот украинскиот полуостров Крим. по превратот во Киев во март 2014 годија. Форумот БРИКС е основан пред 15 години од главните пазари во развој Бразил, Русија, Индија и Кина, а оттогаш се прошири со Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати. Уште неколку земји, како Иран, Алжир, Турција, Азербејџан изразија интерес за приклучување на оваа групација.

Самитот годинава ќе се одржи во рускиот град Казан од вторник до четврток.