Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва во четвртокот разговарал преку видео-конференциска врска со украинскиот претседател Володимир Зеленски и истакнал дека ќе ги поддржи мировните преговори за ставање крај на конфликтот меѓу Украина и Русија.
„Ја потврдив желбата на Бразил да разговара со други земји и да учествува во секоја иницијатива поврзана со градење мир и дијалог. Никој не сака војна“, објави Лула на Twitter по разговорот со Зеленски.
Лула ќе разговара за мировните напори со Кина кога ќе го посети Пекинг следниот месец, а исто така и со Русија, се вели во соопштението од неговиот кабинет канцеларија. Беше кажано и дека Зеленски го поканил Лулу да го посети Киев.
„Разговаравме за дипломатските напори за враќање на мирот во Украина и светот“, објави Зеленски на Twitter. Додаде дека му се заблагодарил на Лула за гласањето на Бразил за непбврзувачката резолуција на Генералното собрание на Обединетие нации минатата седмица со којашто се повикува на мир и се бара Русија да ги повлече своите сили.
Лула објасни дека Бразил ја поддржал резолуцијата бидејќи го брани територијалниот интегритет на Украина. Левичарскиот бразилски лидер се залага за собир на земји кои би можеле да посредуваат за мирно решавање на војната.
Лула одби да и достави на Украина артилериска муниција од германско производство што ја има Бразил, инсистирајќи на политика на строга неутралност, иако рече дека Русија направила грешка со инвазијата на суверена држава.
За време на патувањето во Соединетите држави минатиот месец, Лула повика на преговарачко решавање на конфликтот во кој ќе бидат вклучени неутрални држави. Една година по почетокот на руската инвазија во Украина, Зеленски ги покани лидерите на Латинска Америка на состанок и рече дека е подготвен да ја напушти Украина за да присуствува.
Во интервју за магазинот Time кон крајот на минатата година, додека тој сè уште беше претседателски кандидат, Лула рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски се одговорни за конфликтот.
Тогаш Лула рече дека Зеленски „сакал војна“, бидејќи во спротивно „ќе преговарал малку подолго“, но и дека Русија „згрешила“ што го нападнала својот сосед.