Бразилскиот суд ја потврди одлуката на судијата за блокирање на Икс низ целата земј

Врховниот суд на Бразил денеска едногласно ја потврди одлуката на еден од неговите судии за блокирање на платформата за социјални медиуми Х во сопственост на милијардерот Илон Маск на национално ниво, се наведува на веб-страницата на судот.

Одборот што гласаше беше составен од пет од 11 судии, вклучувајќи го и Александар де Мораес, кој минатиот петок нареди да се блокира платформата затоа што X не го назначи својот правен застапник во Бразил како што налага законот.

Платформата „Икс“ (поранешен „Твитер“) ќе остане блокирана во Бразил додека не ги исполни наредбите и не плати казни кои надминаа три милиони долари, одлучи судијата Де Мораес.

Некои правни експерти ги доведуваат во прашање причините за одлуката и како таа ќе се спроведе, вклучително и Адвокатската комора на Бразил, која наведе дека ќе побара од Врховниот суд да ја разгледа одредбата.

Бразил е еден од најголемите пазари на платформата Х, со десетици милиони корисници, а неговото блокирање претставува драматична ескалација во повеќемесечната расправија меѓу Маск и Де Мораес за слободата на говорот, екстремно десничарските налози и дезинформациите.

„Тој повече пати и грубо го прекрши уставот на Бразил, откако се заколна дека ќе го заштити“, напиша Маск за Де Мораес неколку часа пред гласањето.