Бразилскиот тинејџер Фонсека го изненади Рубљов на Австралија Опен

Младиот 18-годишен Бразилец Жоао Фонсека го приреди најголемото изненадување на третиот ден од првиот овогодишен тениски „гранслем“ турнир, Австралија опен во Мелбурн совладувајќи го деветтиот носител Русинот Андреј Рубљов

За Фонсека, кој минатиот месец го освои турнирот ATP Next Gen, ова беше прв настап на „гранслем“ турнир, а доминираше во мечот против играчите од најдобрите 10 во светот. Во 2. коло Фонсека ќе игра против Италијанецот Лоренцо Сонего кој го победи швајцарскиот ветеран Стен Вавринка со 6-4, 5-7, 7-5, 7-5.

Блиску до елиминација беше и петтиот носител Даниил Медведев, кој загуби со 1-2 во сетови од малку познатиот Тајланѓанец Касидит Самреј, но на крајот победи со 6-2, 4-6, 3-6, 6-1, 6-2.