Бразилските индијанци ќе бидат обучувани за самоодбрана по убиството на нивниот лидер

Владата на североисточната бразилска сојузна држава Марањао објави во понеделникот објави дека започнува програма чија цел е да им се помогне на домародните заедници да се заштитат од надворешните агресии по убиството на нивниот лидер Пауло Паулињо Гиахахара, еден од „чуварите“ на тропските шуми на Амазонија минатиот викенд.

Указот за започнување на оваа програма предвидува „лидерство, обука и информирање на одредени групи од домародните народи, коишто без користење огнено оружје вршат превентивни активности за надзор врз настаните на земјиштето, со кои традиционално се занимаваат домародните народи“, изјавил гувернерот на Марањао, Флавио Дину.

Безбедносните службеници, исто така, ќе треба да се справуваат со спречување на конфликти, нарушување на правата на домародците и нелегалната сеча на шумите на индијанските територии.

Во проектот на министерството за јавна безбедност ќе бидат вклучени и војкската и граѓанската полиција, пожарникарите и владата. Одлуката на локалните власти е донесена откако на 1-ви ноември чуварите на селвите на индијанската земја Арарибојка во областа Бом-Хезус-лас-Селваст биле жртви на заседа од илегални дрвосачали. Во Гуахахара и еден од напаѓачите загинале во инцидентот.