Истражната комисија на бразилскиот Сенат го прифати во вторникот извештајот кој повикува на подигнување обвинение против претседателот Жаир Болсонаро поради наводни девет злосторства поврзани со одговорот на пандемијата на Covid-19, вклучително и злосторство против човечноста.
Во извештајот на 1.300 страницаи кој комисијата под контрола на опозицијата го подготвуваше речиси шест месеци, исто така, се тврди дека уште 77 лица и две компании сториле злосторства.
„Хаосот во владата на Жаир Болсонаро ќе влезе во историјата како најниското ниво на човечката бедотија“, изјави сенаторот Ренана Калхеирош, авторот на извештајот, додавајќи дека претседателот е „на страната на диктарите“, вклучително Адолф Хитлер и Аугусто Пиноче.
Нацртот на извештајот беше објавен минатата седмица и предвидуваше обвиненија против Болсонаро за геноцид и убиство, но сенаторите сега одлучиле да се откажат од таквите квалификации, како што рекоа, поради технички причини.
Исто така, решиле да додадат уште 10 лица на списокот со поединци против кои би требало да се подигне обвинение. Меѓу лицата на тој список е и Вилсон Лима, гувернер на сојузната држава Амасонас во внатрешноста на Беазил, во која недостиг од медицински кислород во болниците предизвикал умирања од задушувбање претходно годинава. Против владата на Лима сојузните тела водат и истрага поради корупција поврзана со купување медицинска опрема.
Лима ги отфрла обвиненијата кои против него се внесени во извештајот и наведува дека авторите на извештајот го политизира прашањето на пандемијата.
„Ставањето на моето име во конечниот извештај е целосно мотивирано од политички и изборни причини. Мене дури комисијата ниту ме истражувала“, се вели во писмената изјава на Лима.
Малку е веројатно дека Болсонаро ќе се соочи со какви и да се формални обвиненија, бидејќи би морало да ги поднесе бразилскиот државен обвинител кој го уменува токму претседателот на државата. Тој порано ја отфрли истрагата на Сенатот како „шега“. Во секој случај, извештајот укажува на обидите за сѐ поголемото изолирање на десничкарскиот лидер во пресрет на изборната година. Неговата популарнсот во Бразил стагнира порад одговорот на пандемијата и високата стапка на инфлација.