Бразилските сенатори го кажаа своето: претседателката Дилма Русеф е суспендирана од должноста во период од 180 дена!
За нејзината смена гласале 55 сенатори, додека 22 биле против. Според бразилскиот закон, отповикувањето се одобрува доколку за него гласа мнозинството од 81 сенатори, колку што има во горниот дом на парламентот.
На Русеф ќе и’ се суди за обвиненијата дека го прекршила законот за државниот буџет од 2014-тата година, користејќи финансии на државата за да ја финансира сопствената изборна кампања. Судењето за отповикувањето, според проценките, би требало да трае околу шест месеци.