Бред Пит ја отвори својата прва изложба на скулптури

Во друштво на австралискиот музичар Ник Кејв и британскиот скулптор Томас Хаусаго, американскиот актер Бред Пит ја отвори својата прва ликовна изложба во финскиот град Тампере. Без многу медиумска помпа и на изненадување на жителите на третиот по големина град во Финска, американскиот актер Бред Пит за прв пат `ѝ го претстави на јавноста своето уметничко дело.

Филмската ѕвезда и самоук скулптор, ги изложи своите дела како дел од поголемата изложба на британскиот уметник Томас Хаусаго, а заедно со нив своите керамички дела ги претстави и австралискиот пејач Ник Кејв.

„За Ник и мене ова е сосема нов свет и нашите први изложби. За мене ова е начин да погледнам длабоко во себе, да видам каде згрешив во односите со луѓето, да бидам брутално искрен со себе, да ги разберам оние луѓе кои можеби сум ги повредил“, изјави Пит за време на отворањето на изложбата, пренесува РТС.

Актерот наводно почнал да се занимава со скулптура по разводот со Анџелина Џоли, поминувајќи по 15 часа дневно во студиото на британскиот уметник во Лос Анџелес во 2017 година. Тој за списанието Ji-Q изјави дека не го гледа своето вајарство како уметност, туку како тивок, осамен спорт.

Неочекуваната посета на Пит на Финска ги изненади граѓаните на балтичката земја, бидејќи неговото учество на изложбата не беше најавено.