Брегот на Чиле погоден од бран висок 4.5 метри

По силниот земјотрес кој вчера беше регистриран во Чиле, бран во висина од 4,5 метри го удрил брегот.

Неколкуметарскиот бран стигнал до пристанишниот град Кокимбо, јави агенцијата Ројтерс.

bran1

Најмалку три жртви од земјотресот

Најмалку три лица загинале како последица на земјотресот – најсилен  од 2010. година наваму. Потресот, кој бил почувствуван дури и во Буенос Аирес во Аргентина, исто уништи голем број домови и други објекти.

Во моментов се наоѓаме во многу тешка ситуација поради цунамито. Цели станбени населби се поплавени … океанот достигна фо  центарот на Кокимбо “, рече градоначалникот на градот Кристијан Галегилос. Градот Илапел, на 46 километри од епицентарот на силниот потрес, остана без струја и вода за пиење.

Луѓето се на улиците и се плашат да се вратат во своите домови, од кои многу се оштетени.