Референдумот на кој граѓаните на Обединетото Кралство изгласаа излез на својата земја од Европската унија, предизвика барања од десничарските партии во неколку земји на стариот континент за спроведување на референдуми за напуштање на Унијата, објавува Би-Би-Си, пренесува Нетпрес.
Лидерот на француската десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, на својот профил на сцоијалната мрежа „Твитер“ напиша:
Победа за слободата.
Таа изјави дека сега Французите исто така треба да имаат право на сопствен избор.
Холандскиот политичар Герт Вилдерс, кој е жесток противник на емиграцијата, коментира дека Холандија, исто така, заслужува гласање за Некзит („Nexit“).
Аналитичарите тврдат дека политичарите од Европската унија треба да стравуваат од домино ефект, кој реално му се заканува на целиот Сојуз.
Според се уште нецелосните резултати од пребројувањето на гласовите, за излез на Велика Британија од Унијата се изјасниле 51,8 проценти од гласачите.
Во овој збир, во кој недостуваат резултатите од уште пет изборни окрузи, привзраниците на напштањето на Унијата се за околу 1,1 милион побројни од оние кои се изјасниле за останување на земјата во Унијата.
Одѕивот на референдумот бил 67,3 проценти.
Конечните резултати во Шкотска и Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители на овие покраини се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ. За разлила од нив, жителите на Велс се изјаснија за Брекзит.
По објавувањето на првичните резултати од гласањето, прв се огласи лидерот на Партијата за незавиосност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, кој изјави дека „победата на приврзаниците за напуштање на ЕУ е неизбежна“.
Сега верувам во нашата победа, изјави Фараж за Би-Би-Си, додавајќи дека британското напушатње на ЕУ е „за доброто на цела Европа“. Ќе изградиме нова Европа, како сојуз на суверени држави, кои ќе се дружат, ќе тргуваат и ќе соработуваат, порача Фараж.