Брегзитот не е извор на грижи само за политичарите, туку и за сите поданици на кралицата, покажува истражувањето на јавното мнение според коешто 40 отсто од Британците во текот на изминатата година се чувствувале беспомошно, луто и загрижено со приближувањето на рокот за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Од испитаниците 43 отсто рекле дека во последните 12 месеци се чувстувале беспомошни, 39 отсто биле гневни, 38 проценти се чувствувале непријатно а 17 отсто се пожалиле на високо ниво на стрес, се наведува во истражувањето кое што е спроведени за потребите на Здружението за ментално здравје на примерок од 1.800 испитаници.
Во резултатите од анкетата кои се објвени во петокот, 26 отсто од испитаниците навеле дека не ги погодило претстојното излегување на Обединетото Кралство од ЕУ и покрај можноста тоа да се изведе без договор на 29-ти март, од што инаку особено стравува деловниот свет.
Се чини дека брегзитот не е извор на оптимизам и ентузијазам за Британците, имено само 9 проценти навеле дека овој процес им дава надежи, за 3 отсто тој е извор на радост а само 2 отсто рекле дека имаат доверба во целиот процес.
„Од нашето истражување произлегува дека политичкото опкружување коешто го создава брегзитот имало влијание на благосостојбата на милиони луѓе… Но додека некои од резултатите може да загрижуваат, има и добри вести: и покрај надвладувачката неизвестност повеќето луѓе успеваат да се носат со тоа и четвртина од испитаниците велат дека брегзитот кај нив не предизвикал никакви посебни чувства“, вели за AFP Марк Роуленд, директор на Здружението за ментално здравје.
Студијата покажува и дека брегзитот може да биде извор на семејни несогласувања, што го пријавиле 19 отсто од испитаниците.
Географски, колку што сте поблуску до Лондон, кој со мнозинството од гласовите беше за останување во ЕУ на референдумот до 23-ти јуни 2016 година, „толку има повеќе загрижени и покрај тоа што влијанието на брегзитот помалку ќе се почувствува во градските области“, додава Роуленд.