Бремената Ријана позираше гола и порача: „Зошто да го кријам стомакот?“ (ФОТО)

Ријана е ѕвезда на мајското издание на „Вог“, а за насловната страница позираше во предизвикувачки, проѕирен комбинезон од црвена чипка и ракавици Алаја во ист стил, со што уште еднаш докажа дека не и е грижа за коментарите и другите мислењата на луѓето и самата ги диктира трендовите.

Рири позираше за серија провокативни фотографии, од кои најинтригантна е онаа на која е целосно гола, облечена само во урбана црна јакна од Сен Лоран, додека нејзиниот труднички стомак го красат дијамантски синџири.

Пејачката откри и дека бременоста ѝ се случила непланирано и дека не се труделе на тоа: “Не би рекла дека тоа беше планирано. Но, сигурно не бевме против тоа. Не знам кога имав овулација или нешто од тоа. И тогаш тестот испадна позитивен. Не губевме време. Му се јавив и му покажав. А потоа следното утро отидов на гинеколог и нашето патување започна“.

34-годишната девојка признала и дека се плаши од постпородилна депресија: “Се прашувам дали моите емоции ќе бидат надвор од контрола? Тоа се приказни кои ги слушам од други жени и ме плашат”.

Ријана се осврна и на фактот дека ја редефинирала породилната мода, поместувајќи ги границите, но и предизвикувајќи бурни реакции ширум светот. Таа всушност сакаше да испрати порака дека ги прифатила промените во своето тело, покажувајќи го нејзиниот растечки стомак од ден на ден во низа скудни изданија.

– Се надевам дека успеавме да го редефинираме она што досега се сметаше за „пристојно“ за трудниците. Во моментов во моето тело се случуваат неверојатни промени и нема да се срамам од тоа, рече таа.

– Овој пат треба да биде прослава. Затоа што зошто би ја криела бременоста? Кога дознав дека сум бремена, си помислив: “Нема шанси да купам нешто во продавница за трудници”. Жал ми е – премногу е забавно да се облечеш. Нема да дозволам тој сегмент да исчезне бидејќи телото ми се менува, додаде таа.

Да потсетиме, Ријана и АСАП Роки почнаа да се забавуваат во 2020 година, а претходно беа пријатели од 2013 година. Познатата убавица вели дека и требало долго време да го види својот сегашен партнер во романтично светло.