Се намалува силата на останатите ризик фактори и се пренесува на еден ризик фактор, а тоа се ниските температури.
Ова е главната оценка на Управувачкиот комитет на кризи која денека на прес-конференција ја презентираше портртпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Тој подвлече дека клучните ризици се во однос на здравјето на населението и снабдувањето со електричната енергија, а во помал обем со водоснабдувањето и одвивањето на сообраќајот, поради што рече ќе бидат воведени дополнителни препораки во делот на здравствената заштита.
– Од аспект на централно тело за кординирање на сите овие активности кои се одвиваат во овој временски период може да истакнеме дека сите институиции ќе продолжат да бидат максимално фокусирани на сите оние препораки и заклучоци кои се дадени од страна на Управувачкиот комитет за справување со кризи. Се останува на терен постојано од сите институции. Заклучоците на Управувачкиот комитет кои се наменети за сите институции на државно и на локално ниво продолжуваат да важат се до моментот на нивното укинување, рече Ѓоргиев.
Државниот советник за здравствена заштита при Министерството за здравство Јованка Костовска посочи дека според податоците на УХМР денеска е портокалова фаза во Осоговско-малешевскиот регион ( Делчево, Виница, Берово) и во Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево), која ќе продолжи и утре, а ниските температури ќе продолжат до вторник.
– Овие податови од овие два региона бидејќи минимално се разликуваат од потадоците за останатите региони во однос на температурите за еден, два до три степени, Министерство за здравство и Комисијата за превенција од студени бранови препорачува овие денови, почнувајќи од денеска, односно од утре бидејќи е работен ден и во вторник да се ослободат од работни обврски бремените жени и хронично болните лица над 60-годишна возраст со цел заштита на нивното здравје. Препораките се за целата територија, меѓутоа со посебен акцен на овие Осоговско-малешевскиот и на Полошкиот регион. Работниците кои што работат на отворено треба да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје, рече Костовска.
Според неа, голем проблем се и падовите и скршеници каком последица на лизгавоста на улиците и Се препорачува, додаде таа, и внимателност на граѓаните по улиците во однос на лизгавоста за да не дојде со скршеници, иако досегашните податоците од Итната помош се, посочи, поволни.
– Ако предтходно имавме 150 повици, во текот на вчерашниот ден имавме 120 , меѓутоа ниту една скршеница, во текот на денешниот ден до 14 часот 53 повици пак сме немале скршеница, значи народот внимание. Додека од Градската општа болница имаме податопк дека ако минататиот ден имаше четири скршеници и 46 повици, денеска имало 36 повици и две скршеници. Значи бројот на скршеници се намалува, населнието внимава, меѓутоа од утре е работен ден и потребно е уште поголемо внимание, рече Костовска.
Таа нагласи дека Комисијата за превенција од студени бранови ќе продолжи да ја следи состојбата и оти од среда се очекува благ пораст на температурите.
Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потенцира дека магистралните патишта во земјава и во најголем дел регионалните се проодни во зимски услови и отежнато, освен места на повисоки надморски височни во некои општини во кои се непроодни патиштата, како во Струга, Велес, Штип, Куманово и Чучер Сандево.
– На телефонскиот број на ЦУК 195 засега нема некои пријави од граѓани кои што живеат на овие места. Доколку имаат потреба од намирници или од лекови апелираме да го користат нашиот број кој работи 24 часа за да можат нашите служби навремено да реагираат, рече Вчкова.
Таа информира дека авионскиот и железничкиот сообраќај се одвива редовно, освен на делот од пругата Велес – Кочани каде има наноси на снег. Забрани за сообраќај има за камиони на патниот правец Маврово – Дебар и на планинскиот превој Плетвар
Атанас Ковачевски од ЕВН Македонија посочи дека дистрибутивниот систем генерално е стабилен, на високонапонско ниво нема никакви проблеми, а на нисконапонско има помали проблеми во руралните средини.
– За разлика од претходниот ден кога имавме повеќе интервенции во западниот дел од земјава дминатиот ден имавме повеќе во источниот, а дел од нив покрај со моторни санки се извршуваат и пешки, рече Ковачевски.
Системот на снабдување е стабукен, но она што загрижува, како што посочи е зголемената потрошувачка на електрична енергија, па можни се одредени оптоварувања. На 6 и 7 јануари потрошувачката во однос на истиот период лани е зголемена за 16 проценти како последица на ектремно ниските температури.