![FfD3aW0WAAM_zcW](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/FfD3aW0WAAM_zcW.jpg?resize=696%2C428&ssl=1)
Во првиот натпревар од 11-то коло од англиската Премиер лига одигран во петокот вечерта, Бренфорд на својот терен го совлада со 2:0 тимот на Брајтон.
Двата погодока за домашниот тим ги постигна капитенот Ајван Тинеј. Првпат погоди во 27 минута, а конечниот резултат го постави во 64 минута од пенал.
Брентфорд со 13 бодови привремено е на осмото место, веднаш зад Брајтон кој остана на 14 бодови, Во водство е Арсенал со 24 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити и три повеќе од Тотенхем кој е третопласиран.
Во сабота играат Лестер Сити – Кристал Палас, Фулам – Борнмут, Вулверхемптон – Нотингем и Тотенхем – Евертон, додека во недела на распоредот се Астон Вила – Челзи, Лидс Јунајтед – Арсенал, Манчестер Јунајтед – Њукасл, Саутемптон – Вест Хем а колото го затвора дербито Ливерпул – Манчестер Сити.