Бретон вели дека ЕУ колективен имунитет може да постигне до 14-ти јули

Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, изјави во неделата дека на Европската унија не ѝ е потребна руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“, бидејќи во блокот веќе се одобрени четири други вакцини, што ќе биде доволно за да се постигне колективниот иминутет до средината на јули

Бретон истакнувајќи го очекуваното зголемување на испораките на вакцините, како датум за постигнување колективен имунитет во ЕУ го одреди 14-ти јули,

„Го земаме сиболичниот датум, на 14-ти јули имаме можнос за постигнување на имунитетот на стадото на ниво на континентот. Знаее дека за победа над оваа пандемија има семо едно решение, а тоа вакцинирањето. Вакцините пристигнуваат“, рече Бретон за францускиот телевизиски канал TF1.

„Меѓу март и јуни ќе бидат испорачани меѓу 300 и 350 милиони дози од вакцините“, уверува еврокомесарот.

Спроед Бретон, се очекува зголемување на испораките на вакцините во ЕУ од 60 милиони дози испорачани во март, на 100 милиони во априкл, 120 милиони во мај….Рече дека во моментов 55 фабрики во Европа ги произведуваат вакцините.

Изминатиот период во кој Европската унија е под критики поради забавениот процес на имунизација на населението поради намалените испораки од производителоте на вакцините, Бретон оцени дека „Спутник V“ е добра вакцина, но дека е неопходно таа да се произведува во Европската унија, а на Русија дека можеби ќе ѝ биде потребна помош за тоа.

„Имајќи предвид дека сме континтент со најмногу одобрени вакцини од страна на медицинските регулатори – четири, и ние сме водечки во сферата на нивното производство, апсолтуно немаме потреба од Спутник V…и од други вакцини. Неопходно е овие (вакцините одобрени во ЕУ) да бидат произведени во големи количества и да бидат масовно користени“, изајви Бретон за францискиот телевизиски канал TF1.

„Во однос на Спутни V, Русите имаат проблем со производството и доколку им е потребна помош, ќе разговараме за тоа во втората половина на годината“, рече еврокомесарот, додавајќи дека приоритетот им се дава на вакцините „кои се произведуваат на европската теорија“.

Во ЕУ одобрувањето за набавка на вакцините ги даваат Европската агенција за лекови (ЕМА) и Европската комисија. Двете институции веќе одобрија четири вакцини од „Pfizer/BioNTech“, „Moderna“, „AstraZeneca“ и „Johnson&Johnson“.

Меѓутоа, поради доцнењето во испораките и процесот на масовна иминузација, Унгарија и Словачка, преку своите национални регулатори ја одобрија употребата на руската вакцина „Спутник V“, како и на кинеската „Sinopharm“, а германски фарамцевтски лаборатории ја разгледуваат можноста за произвдоство на рускиот препарат против коронавирусот.