„Брима галуп“: Мнозинството Македонци сметаат дека политиката на опозицијата е деструктивна

За Македонците опозицијата нема капацитет да биде подемократична во однос на актуелната власт.

На прашањето: Дали опозицијата, доколку ја преземе власта, би била подемократична во однос на актуелната власт 52,8 проценти од граѓаните се изјасниле дека сметаат дека не би била подемократична, наспроти 22,6 проценти, кои велат дека би била демократична. 21,3 проценти одговориле дека Не знаат. На ова прашање 3,4 проценти од испитаниците одбиле да одговорат.

brima-galup-7

Во однос на медиумската област и сѐ позачестените дебати во јавноста во однос на медиумите и нивната наклонетост кон политичките партии, дури 63,3 проценти од Македонците сметаат дека опозицијата има свои медиуми. На прашањето: Дали опозицијата има „свои“ медиуми, чијашто уредувачка политика е понаклонета на опозицијата.

63,3 проценти од граѓаните сметаат дека опозицијата има „свои“ медиуми, наспроти 20,4 проценти што сметаат дека опозицијата нема „свои“ медиуми.

На ова прашање 2,6 проценти одбиле да одговорат, а 13,7 одговориле со Не знам.

brima-galup-8

Независната агенција за истражување на јавното мислење „Брима галуп“ е една од најреномираните агенции за истражување на јавното мислење, која во согласност со своето досегашно работно искуство од реализирани повеќе од 500 истражувања и во согласност со точноста на изработените резултати, претставува една од најверодостојните агенции за истражување на јавното мислење. „Брима галуп“ работи за Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон, кој се занимава со испитување на јавното мислење.