Европската комисија во петокот одлучи да побара до Судот на Европската унија да ѝ нареди на Унгарија плаќање париќна казна, бидејќи не постапила според пресудата во Судот во врска со прописите на ЕУ за азилот и репатријацијата.
Судот на ЕУ на 17-ти декември 2020 година утврди дека унгарското законодавство за прописите и практиките во транзитните зони кои се наоѓаат на границата меѓу Србија и Унгарија се спротивни на прописите на Унијата.
Будимпешта сѐ уште не постапила во согласност со неколку аспекти од споменатата пресуда. Конкретно, според ЕК, Унгарија не го преземала наложените мерки за да обезбеди делотворен пристап во постапката на азилот.
Понатаму, на Унгарија ѝ се забележува дека не ги објаснила условите кои се однесуваат на правото на останување на нејзината државна територијата доколку има жалба во постапката на азилот кога не се работи за „кризна ситауција предизвикана од масовна имиграција“.
Поради тоа што официјална Будимпешта се оглушуваше на пресудата на Судот на ЕУ, Комисиајта на 9-ти јуни 2021 година на Унгарија ѝ упатила официјална опомена, а сега бара до Судот да одреди парични санкции преку еднократена сума и дневни парични казни.