![President of the European Commission Ursula von der Leyen in Rome](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/don-der-lejen-mario-dragi.jpg?resize=696%2C460&ssl=1)
Италија добила зелено светло од Европската унија за својот план за закрепнување кој би требало да го поттикне растот на економијата ослабена од пандемијата на коронавирусот, потврди во вторникот премиерот Марио Драги.
„Ова е ден за гордеење за нашата земја“, истакна инталијанскиот премиер Марио Драги обраќајќи се од легендарните филмски студија „Cinecitta“ крај Рим, центарот на италијанската филмска индустрија, на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Италија, најголемиот корисник на мегапланот на ЕУ за заздравување по коронакризата во изност од 750 милиони евра, ќе добие вкупно 191,5 милијарди евра, од кои 68,9 милијарди евра директни поддршки.
Европскиот план за заздравување кој се финансира со досега невидена заедничка позајмица, претставува „единствена можност во животот“ којашто „мораме да ја искористиме за да се подготвиме за иднината“, изјави Фон дер Лејен.
„Отсекогаш бевме свесни за тоа дека ќе биде потребен спој на реформите и вложувањата за да се придивжи стопанството кога ќе излеземе од оваа криза и за да направиме исчекор кон модерназација на нашата економија“, истакна шефицата на ЕК.
Италијанскиот план за закрепнување „ќе донесе раст на БДП-то од 1,5 до 2,5 процентни поени и ќе создаде повеќе од 240.000 работни место во Италија до 2026 година“, додаде Фон дер Лејен.
Посетата на Фон дер Лејен на Рим е дел од нејзината европска турнеја по членките на ЕУ чиишто планови Брисел први ги одобри. Португалија и Шпанија, исто така, се посетени со што втората членка е најголем корисник на европските пари по Италија, со вкупно околу 140 милијарди евра.
Италија во февруари 2020 година беше првата земја во Европак која беше силно погодена од пандемијата на коронавирусот и донесе строг карантин кој парализира цели стопански сектори, па и туризмот како една од најприходните гранки. Италијанското стопанство, третата по обемот во еврозоната, претрпе поради пандемијата тежок удар со пад на БДП-то од 8,9 отсто минатата 2020 година, што е најголемата рецесија од Втората светска војна.