3.8 C
Skopje
четврток, јануари 23, 2025

Брисел и ЕПП гледаат сериозна надеж во ВМРО-ДПМНЕ

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски во изминатите два дена беше во работна посета на Брисел.

Мицкоски беше придружуван од потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

Мицкоски и делегацијата на партијата учествуваа на парламентарното собрание на Европската Народна Партија, а потоа остварија и билатерални средби со повеќе политичари и носители на процесите важни за стратешките интереси на земјава, врзани со европските интеграции.

Мицкоски во Брисел оствари средба и со Комесарот за проширување на Европската Унија Оливер Вархеј.

 

-На средбата се разговараше за европските перспективи на земјата како и актуелните случувања во Македонија. Државата уште во 2009та година ги исполни сите критериуми за старт на преговорите, но спорот со Бугарија за кој Заев не убедуваше дека ги затворил сите отворени прашања, преставува непремослива пречка. Она што дополнително загрижува е отсуството на план на владата за излез од не само економската туку политичка криза наметната поради застојот на интеграциите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нивната посета.

Делегацијата исто така оствари и средба со потпретседателката на владејачката белгиска партија ВЛД и докорешната долгогодишна министерка за економија, трговија и иновации на Белгија Патриција Цеусенс.

„Секоја соработка е значајна, особено што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди најсодржајна и иновативна програма која ќе го содржи сеопштиот развој на населените места, со фокус на претприемништвото, поддршка на иновациите, инфраструктурна преродба како и поддршка на компаниите, домашни и странски, кои ќе отворат нови работни места. Ќе се бориме за секое работно место. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има поддршката од белгиските пријатели“ – порача по средбата Мицкоски.

Мицкоски разговараше и со претседателот Пауло Рангел кој доаѓа од нивната сестринска партија од Португалија, како и со Дејвид Макалистер којшто е претседаваш со Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент како и дел од сестринската партија ЦДУ од Германија.

-Сето ова заврши со еден официјален состанок, со претседателот на Европската народна партија тоа е господинот Доналд Туск. Разговаравме за ветото од страна на Бугарија кон нашата Македонија и неправдата која му е нанесена на македонскиот народ, нација и македонската држава, затоа што после толку години, после толку успешни извештаи повее од петнаесет години ние сме уште во чекалницата и сме жртви на непринципиелни барања од страна на поедини земји членки на Европската унија. Јас не можам да се поистоветам со челниците на СДСМ и да доаѓам овдека во Брисел и да ја кодошам нашата Влада или да зборувам лошо тоа е проблем којшто ќе си го решиме дома, на избори и таму ќе ги поразиме и таму ќе зборуваме за нивниот криминал, корупција и погрешни политики и немањето реформи, изјави по средбата Мицкоски.

Во рамки на работната посета на Брисел, делегацијата оствари средба и со Марко Кампоменоси, пратеник во Европскиот парламент и шеф на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини во Европскиот парламент.

-На средбата Мицкоски истакна дека критериумите за отпочнување на преговорите со ЕУ се исполнети уште во 2009 година, а она што е ново за жал е спорот со Бугарија, кој се појави во време кога Зоран Заев е премиер, кој пак тврдеше дека ги затворил сите отворени прашања, а еве гледаме денес за жал токму тој спор претставува непреминлива пречка. И покрај тоа што Македонија има сериозни проблеми со растечкото ниво на корупција, сиромаштијата, и недостатокот на реформи во образованието и здравството, кои што беа главни ветувања на Заев и не ги оствари, сепак сме во Брисел за да побараме одблокирање на Македонија, истакна Мицкоски на средбата, се наведе во соопштението од партијата кое го испратија по средбата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при неговата посета на брисел оствари средба и со Анџелина Ајхорст, директорка за Западна Европа, Западен Балкан и Турција во службата за надворешно-политички работи на ЕУ.

Средба Мицкоски – Анџелина Ајхорст: Местото на Македонија е во ЕУ

На средбата Мицкоски кажал дека Македонија треба да го продолжи својот пат кон ЕУ и побарав поддршка за државата, се согласивме дека местото на Македонија е во ЕУ.

Мицкоски оствари и кратка неформална средба со Андреас Шидер, европратеник од Австриската социјалистичка партија и претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија.

-За европскиот пат, за иднината на нашата земја, за реалноста која мора да се промени за Македонија да оди напред, напиша Мицкоски на Фејсбук по средбата.

Мицкоски во рамките на политичкото собрание на Европската народна партија оствари средба со Дејвид Мекалистер, Претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Претседателот Мицкоски на средбите истакнал дека не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ.

Државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите кои што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ. Свесни сме дека криминалот и корупцијата и отсуството на суштински реформи од страна на оваа власт создаваат лош впечаток за земјата кај нашите европски партнери, но токму капацитетот на Македонија и потенцијалот кој го имаме како народ се гарант дека можеме преку внатрешни промени во услови на отпочнување на преговорите да ги достигнеме европските вредности и стандарди. Оваа епизода наречена власт на Заев не е вистинската слика за Македонија и затоа на нашите европски пријатели им објаснуваме дека неуспесите ќе се надминат многу скоро и нацијата ќе ги забрза европските реформи и затоа ни е потребна шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме, истакнал на средбите Мицкоски кој додаде дека лошата власт во државата не треба да биде непромислива пречка на патот кон ЕУ.

Мицкоски на средби со Мекалистер, Рангел и Шидер: Не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ

Посетата инаку беше во време кога државата предводена од Заев доживува уште една блокада на патот кон ЕУ, како и фактот што Европската Унија има и забелешки за криминалот на Владата и недостатокот на владеење на правото, велат од партијата на Мицкоски.

Со овие средби и посети, Мицкоски изгради сериозни мостови во Брисел и ЕПП гледа сериозна надеж во ВМРО-ДПМНЕ, едногласни се експертите.