Брисел сака да ја тужи „AstraZeneca“

EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Европската комисија има намера да покрене процес против англо-шведскиот произведувач на вакцината против коронавирусот „AstraZeneca“, објави изданието Politico доцна ноќта во средата, повикувајќи се на пет неиуменувани европски дипломати.

На состанокот на амбасадорите на земјите членки на Европската унија во средата, повеќето земји предочиле дека го поддржуваат подигнувањето тужба против компанија, бидејќи не ѝ ги испорачала на унијата дозите од препаратот против Covid-19 на коишто се обврзала, пишува Politico.

Еден од дипломатите соговорници на изданието појаснил дека поентата на правната постапка е да ја обрзе „AstraZeneca“ да ги испорача дозите на кошот се обрзала со договорот со Европската комисија.

Англо-шведската фармацевстска лабораторија која вакцината ја произведе во соработка со Универзитетот Оскфорд, предизвика гнев во ЕУ кога соопшти дека нема да може да ѝ го достави на Унијата бројот дози на којшто прелиминарно се обврзала.

До крајот на првото тримесечје годинава „AstraZeneca“ во ЕУ испорачала 30 милиони дози од вакцината, а не 100 милиони според прелминарната спогодба, правдајќи се со проблеми во производствените погони во Европа.

Компанијата наведува дека ќе испорача околу 70 милиони дози до крајот на вториот квартал до кога според договорот со ЕУ треба да ги испорача сите 300 милиони дози.

Проблемите со испораките на вакцината на „AstraZeneca“, ЕУ го истакнува како главна причина за многу слабата кампања за имунизација на населението во своите членки, поради што голем број национални влади во 2-те земји се под жестоки критики.