Според информациите на новинската агенција V4NА, унгарската министерка за правда, Јудир Варга, се обратила до Европскиот парламент со барање да присуствува на расправата во ЕП за специјалниот правен поредок на Унгарија и покрај тоа што Европската комисија не најде ништо проблематично во законодавството.
Министерката сигнализирала до ЕП дека во последните неколку недели унгарската влада е подложена на низа политички напади кои се базираат на погрешни информации.
Варга имала намера лично да присуствува на дебатата за унгарското законодавство за вонредни состојби и да го претстави ставот на Унгарија, но ЕП го одбила нејзиното барање.
V4NA го контактирала кабинетот на претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли преку електронска пошта. Било упатено прашање зошто ако Европскиот парламент е навистина заинтересиран за законитоста на унгарската регулатива, го одбиле барањето на унгарската министерка за застапување на позицијата на Унгарија.
Исто така, било упатено прашање за тоа дека Белгија, Словачка, Австрија, Франција, Норвешка и Шведска вовеле слични мерки и оттаму дали ЕП планира да одржи дебата за овие земји.