Европската комисија најави постапка против Австрија поради законост со кој би се овозможило исплаќање на намален детски додаток за работниците од другите земји од Европската унија во Австрија, а чиишто деца живеат во татковините на родителите, пренесуваат австриските медиуми во неделата.
„Штон законот ќе стапи на сила, Европската комисија ќе преземе соодветни чекори и ќе го оствари своето право на заштита на Договорот за Европската унија“, вели за австирскиот дневен весник Kurier портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд.
Станува збор за повторување на ставот и заканите на Европската комисија, како во случајот на Австрија така и во случајот на Германија, каде што ваквиот закон, исто така, беше разгледуван, различната висина на детскиот додаток да се исплаќа зависно од земјата на потеклото на родителите, односно детето, што во Брисел се толкува дека се коси со начелата на Европската унија за забрана на дискриминацијата.
Комесерката за европски прашања, Мариаен Тисен, неколкупати во текот на процедурата на носењето на законот во Австрија предупреди дека тој нема да биде во согласност со правото во ЕУ и најави дека Комисијата ќе преземе мерки во таа насока. „Ниеден работник не смее да биде дискриминиран врз основа на неговото државјанство“, рече претходно седмицава Тисен.
Австрискиот парламент во средата вечерта со гласовите на владејачката коалиција на народната и на слободарската партија, го изгласа законот кој беше дел од предизборните ветувања и на двете партии. Со примената на овој закон, Австрија, според некои процени, би заштедела 114 милиони евра. Законот предвидува ислаќањето на детскиот додаток за децата на работниците коишто живеат во земјите на потеклот на родителите, да се прилагоди на животните трошоци во односната земја.
Австриската влада веќе имаше предвид дека законот ќе наиде на пречки. „Последниот збор во овој процес го има Европскиот суд на правдата“, рече австриската министерка за семејство, Јулија Богнер-Штраус.
Австриските медиуми пишуваат и дек, доколку истиот принцип би се применил и на пензионерите, односно австриските пензии да се прилагодат на местото на коешто престојуваат пензионерите, тоа би можело да погоди голем дел од австриските и гермаманските пензионери, коишто живеат или поголемиот дел од годината го мимнуваат во некоја од потоплите јужни земји во Европа, каде што и животните трошоци се пониски.