Брисел со 6,5 милијарди евра ќе ги токми улиците за тенкови

Кој е среќен, кој тажен, а кој е лут поради предлогот на буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027, е темата со која се занимава порталот „Политика“ од Брисел, кој истакнува дека „претстои долга битка за буџетот, но дека некои победници и губитници веќе може да се препознаат“.

Според „Политико“, среќни се земјоделците од Балтикот.

Земјоделците во Естонија, Летонија и Литванија, на изненадување на многумина, се појавуваат како победници. Додека повеќето земјоделци во ЕУ ќе треба да ги „лижат раните” поради намалувањето на директните субвенции за четири отсто, земјоделците од балтичките држави ќе добијат зголемување од 13,6 отсто. Целта на Брисел е да ги намали парите за земјите кои досега имаат направено добра работа и да ги дистрибуираат до оние кои назадуваат.

Од предложениот  буџет, „лути“ се Австрија, Данска, Холандија и Шведска. Овие четири земји се соочуваат со двоен удар – од нив се бара да ги зголемат своите национални придонеси, а истовремено треба да ги загубат попустите што ги добиваат. Официјалните лица од овие земји негодуваа на ваквиот буџет, со оценка дека таков план е „далеку од прифатливо решение“.

Среќни со предлог буџетот се и возачите на тенкови, истакнува „Политико“.

Брисел планира да одвои 6,5 милијарди евра од својот фонд “Connecting Europe” поради подобрување на инфраструктурата, со цел да се осигура дека истата е соодветна за тешки воени возила.

Тажни и лути се британските научници, бидејќи според предлогот за буџетот, пронаоѓањето пари за врвни истражувања ќе се зголеми во иднина. Според „Политико“, истражувачите од Обединетото Кралство ќе бидат надвор од програмата на ЕУ по 2020 година.

Меѓу “среќните”се големите фармацевтски и инженерски компании.
Големите компании како што се „Мерк“, „Фајзер“, „ербас“ и „Талис“ се меѓу оние фирми кои учествуваат во истражувачката програма на ЕУ и само се дел од оние кои ќе имаат корист од буџетскиот план на Комисијата.

Брисел планира да даде милијарди евра за компаниите кои соработат со академици во областите како што се здравството за да ги решат големите предизвици со кои се соочува Европа.

Поради предлог буџетот тажни се градоначалниците и регионалните лидери поради намалувањето на средствата на кохезионите фондови, кои се користат за помагање на посиромашните региони за да ги стигнат богатите.

Овие намалувања изнесуваат седум проценти, а своето незадоволство го изрази претседателот на Советот на европски општини и региони, Стефано Бонакини.
Тој посочи дека овој потег би претставувал загуба од 41 милијарди евра за локалните и регионалните влади.