Брисел со остри критики за ограничувањето на интернетот во Турција

Брисел упати остри критики кон Турција во врска со новиот закон што го ограничува користењето на интернетот во земјата. Според документот телекомуникацискиот регулатор има право да ги блокира веб-сајтовите, без да бара дозвола од судот.

Портпаролот на комесарот за проширување Штефан Филе изјави дека строгите мерки не се во согласност со европските стандарди, поради што треба да бидат дополнително разгледани. Според него турската јавност заслужуваат повеќе информации и поголема транспарентност, но наместо тоа добивала повеќе ограничувања.

Оспорените законски амандмани кои турскиот Парламент ги усвои ја засилуваат административната контрола врз интернетот и се оценети како нов чекор кон цензурата во земјата.

За да стапи во сила, сепак законот мора да биде потпишан од претседателот .