Brit Awards: Пејачката RAYE води со седум номинации

Пејачката и текстописец RAYE доби рекордни седум номинации за најважната британска музичка награда Brit Awards, а меѓу номинираните се и Rolling Stones и Blur.

Дваесет ишестгодипната Рејчел Агата Кин, препознатлива професионално како Реј (RAYE) е номинирана за женски изведувач на годината, нејзиниот албум „My 21st Century Blues“ е номиниран за албум на годината, а нејзините хитови „Escapism“ и „Prada“ за песна на годината.

Пејачката е номинирана и во жанровските категории за најдобра поп изведба, R&B изведба и најдобар нов изведувач.

Со овие седум номинации, таа постави рекорд за еден уметник за една година, истакнаа организаторите, Британската фонографска индустрија (BPI).

„Очите ми се иполнуваат со солзи кога зборуваме за тоа, тоа е премногу, навистина премногу. Можам само да кажам дека е чудо“, рече RAYE при објавувањето на номинациите.

Таа се разиде со својот издавач во 2021 година и стана независен уметник.

„Пред една ипол година… кога станува збор за индустријата, бев на дното и надвор. Не можев да замислам дека ако се обидам повторно, ќе добијам седум Брит номинации“, рече таа.

Раперите Central Cee и J Hus добија по четири номинации, вклучувајќи ги и двете за уметник на годината. Станува збор за родово неутрална категорија која има 10 номинирани откако организаторите го удвоија нивниот број откако беа критикувани за сите машки кандидати минатата година.

Во оваа категорија се номинирани и изведувачите Арло Паркс, Дуа Липа, Џеси Вер и Оливија Дин, раперите Дејв и Литл Симз и продуцентот Фред Агаин.

Повеќе од 55 номинирани оваа година се жени, или како соло уметници или дел од женски бенд.

Липа доби три номинации – за уметник на годината, за поп изведба и за песна на годината за хитот „Dance The Night“ од филмот „Barbie“.

Британскиот бенд Blur доби три номинации, вклучително и за албумот „The Ballad of Darren“, прва од 2015 година, потоа во жанровската категорија алтернативна/рок изведба и за бенд на годината.

Легендарните Rolling Stones, кои минатата година го објавија „Hackney Diamonds“, нивниот прв албум со оригинален материјал од 2005 година и нивниот прв откако тапанарот Чарли Вотс почина во 2021 година, се номинирани во категоријата алтернатива/рок, нивна прва номинација за Brit Awards по повеќе од десет години.

Родово неутрална категорија за Меѓународен уметник на годината, исто така, има 10 номинирани, меѓу кои Тејлор Свифт, Мајли Сајрус, Лана Дел Реј, SZA, Бурна Бој и Кајли Миног.

Инди-рок бендот The Last Dinner Party е веќе победик во категоријата ѕвезди во подем.

Наградите ќе бидат доделени на 2-ри март.